17-годишник имал полов однос со 14-годишна малолетничка: случајот го пријавила нејзината мајка

Вчера во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од 45-годишна жена, дека тој имал полов однос со нејзината 14-годишна малолетна ќерка, со која биле во врска.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
