Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонија

3403 вести во последните 90 дена
Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без возачка

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, 38-годишниот С.М. и 23-годишниот С.В. двајцата од Кочани, 20-годишниот Ј.К. од Штип, 17-годишен малолетник село Долно Количани, скопско, 27-годишниот Ф.В. од село Студеничани…

05.09.2026
ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

„Од државните свечености, до спортот, културата и институциите – Албанците се исклучуваат секаде, додека ВЛЕН молчи. 35 години по независноста, оваа влада покажува дека државата може да биде независна, но стариот менталитет може брзо да се врати со вазалите на ВЛЕН на власт. На одбележувањето на 35-годишнината од…

05.09.2026
(Фото) Сулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живее

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија. Реконструкцијата е реализирана со…

05.09.2026
Опожарено возило на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје

Денеска во 04:04 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Скопје на улицата „Браќа Реџепагиќ“ поточно на паркинг во круг на училиште има опожарено возило. Полициски службеници констатирале дека патничкото опожарено возило е „опел астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Н.Ш.(56). Пожарот е изгаснат од страна…

05.09.2026
Уапсени двајца мажи од Чешка за „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“

Вчера во 16:30 часот во Касарна Илинден во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 26-годишниот М.С. и 25-годишниот А.Х. двајцата од Република Чешка, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот Законик „неовластено влегување во…

05.09.2026
На Табановце уапсен 58-годишен велешанец: возел автомобил баран од Интерпол, Италија

Вчера во 13:50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода 58-годишниот В.К. од Велес, со живеалиште во Валандово. При извршена гранична контрола и проверка, било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со италијански национални ознаки, кое тој го управувал е…

05.09.2026
Истепале полицаец на „Мото собир“ и му се заканувале: кривична против тројца прилепчани

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“ во Прилеп…

05.09.2026
Вонбрачниот сопруг ја истепал и ја силувал: 40-годишната жена од Гостивар го пријавила нападот

Вчера во 19:10 часот во ПС Гостивар, 40-годишна жена од Гостивар пријавила дека во ноќните часови на 01/02.09.2026 во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот.

05.09.2026
Со електричен тротинет удрила во велосипед и избегала од местото на несреќата: тешко повредена скопјанка

На 04.09.2026 во 07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Л.Н.(46) од Скопје и електричен тротинет, управуван од женско лице, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се…

05.09.2026
Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Гевгелија посака уште многу проекти како старата чаршија, да бидат реализирани, во периодот којшто следи. „Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност…

05.09.2026
(Фото) Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан…

05.09.2026
Пожар на објект во склоп на куќа во Штип: нема повредени

Ноќеска во 00:10 часот СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на улицата „Ширк дол“ во Штип, настанал пожар на објект во склоп на куќа, сопственост на Д.А.(75), при што била зафатена соба. Од Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на…

05.09.2026