Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонија

3399 вести во последните 90 дена
„Македонија е сè што имаме“ – СДСМ вечерва ќе прославува 35 години независност

Вечерва, 03.09.2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата, под слоганот „Македонија е сè што имаме“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан по повод 35 години од независноста. На свечениот настан свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на…

03.09.2026
Стојаноски го демантира Филипче: „Бројките што ги кажа се несериозни и неточни“

За мене, и како пратеник и како политичар, е шокантно лидер на опозицијата да излезе од македонското Собрание и да презентира бројки што се целосно несериозни и неточни. Особено изненадува начинот на кој се толкуваат економските показатели, од аспект што е целосно нереален и кој не се темели врз официјални податоци…

03.09.2026
Мојсоска: ДПМНЕ ќе менува Закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната седница во Собранието остро реагираше на предложеното бришење на посебните услови за именување директор на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека ДПМНЕ наместо да избере кадар кој ги исполнува законските критериуми, ги менува самите критериуми за да му…

03.09.2026
Продолжуваат средбите на претседателот на Уставниот суд со граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста. Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на…

03.09.2026
Утре почнува AERO Street Food Festival – урбан фестивал за улична храна и музика

Од 4 до 8 септември посетителите ги очекуваат 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез. Ретко каде во Скопје на едно место може да се избира меѓу свежо суши, такоси, бургери, гиро, пица, фокача, ќебапи, палачинки и омилени десерти. Токму оваа богата комбинација на вкусови…

03.09.2026
Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека Соединетите Американски Држави, нашите клучни стратешки партнери, веќе знаат дека во земјата во изминатите две години влегувале кинески пари, укажувајќи на заемот од Унгарија, но и преку најавите за нови проекти во општините на Стоилковиќ. „Заемот којшто е сега…

03.09.2026
Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари. „Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и…

03.09.2026
(Видео) Филипче: Мицкоски ја носи Македонија до рекордни 12 милијарди евра долг

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција во Собрание изјави дека Владата на Христијан Мицкоски со новото задолжување ја носи државата кон рекордно ниво на јавен долг од речиси 12 милијарди евра. „Колку треба да биде очаен човек да каже дека расте бруто домашниот производ, а при тоа…

03.09.2026
Општина Куманово започнува со воспоставување на систем за селекција на отпад

Денеска во кумановската населба Зелен рид, започна акцијата за воспоставување на систем за примарна селекција на пластичен отпад и лименки. Во првата фаза од проектните активности опфатени се 200 домаќинства, а акцијата ќе продолжи и во другите делови на градот, каде бесплатно ќе се распределуваат канти за примарна…

03.09.2026
Две лица од Кина пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје

Две лица од Кина се пронајдени починати во стан во центарот на Скопје, соопшти МВР. Случајот бил пријавен на 2 септември околу 13:50 часот во СВР Скопје, откако Н.М. во стан ги пронашла починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф.(37), двајцата од Кина. Според полицијата, Н.М. претходно…

03.09.2026
Приведена мајка во Скопје, осомничена дека ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба

Четириесет и петгодишна жена од Скопје е приведена рано утрово по пријава дека подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка и често ја држела заклучена во соба во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба. Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода…

03.09.2026
Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

На 11 септември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи – едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам. Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“…

03.09.2026