Бени Шаќири поднесе оставка, нов директор на МКЦ е Димче Арсовски

Бени Шаќири поднесе оставка од директорската функција во МКЦ, а на негово место доаѓа поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Шаќири на „Фејсбук“ објави дека останува дел од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како негов советник за култура.
„Почитувани граѓани, ја користам оваа прилика да ве известам дека повеќе нема да ја обавувам функцијата директор на Младински Културен Центар- Скопје со што поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на град Скопје, г.дин Орце Ѓорѓиевски од лични причини! Сепак на предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски останувам како дел од неговиот кабинет на позиција советник за култура со што ќе се обидам од еден друг аспект да придонесам за унапредување и развој на културата во градот Скопј е. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски на кого му посакувам да биде успешен и трпелив и верувам дека како млад човек ќе даде максимум од себе како би можел да се справи со сите потешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години! Одиме понатаму..“, напиша Шаќири.



