Петок, 23 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

23.10.2026, 13:42

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале два автомобила „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувани од Д.П. (42) од Виница и П.П. (24) од селото Лески, кој по судирот го напуштил местото на несреќата.

Со тешки телесни повреди се здобил 58-годишниот Ј.П., сопатник во автомобилот управуван од Д.П. Телесни повреди добиле и возачот Д.П., како и сопатниците И.П. (39) и Е.П. (54). Повредите биле констатирани во Итната медицинска помош во Кочани и Клиничката болница во Штип.

По преземените мерки, полицијата го пронашла и го лишила од слобода 24-годишниот возач П.П. Кај него биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

Увид извршила екипа на ОВР Виница, а по целосното документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести