Делови од општините Центар, Ѓорче Петров и Илинден денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и улицата 27 во Илинден, како и околните фирми на улицата 27, општина Илинден;
· во периодот од 09:00 до 16:00 часот, Потрошувачите во Петровец, кај училиштето и кај поштата, Еуроиталиај, село Ржaничино, Радио Фар Ржаничино, Иванов Ржаничино и Маклаб Ржаничино, општина Илинден;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од улицата Анастас Коцарев, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 12:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата 11-ти Октомври бр. 46 ќе бидат без електрична енергија, општина Центар.


