(Фото) Саша Ковачевиќ стана татко

Зорана Тасовац и српскиот пејач Саша Ковачевиќ го добија своето прво дете, пренесуваат српските медиуми.
Зорана Тасовац и Саша Ковачевиќ станаа родители на своето прво дете; како што ексклузивно дознава „Блиц“, тие добија син.
Пејачот неодамна спомна дека планира да присуствува на породувањето.
„Сакам да бидам таму – и за да дадам поддршка, и за да ги доживеам радостите на татковството од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави тој, откривајќи дека имаат „неколку опции за име“.
„Имаме неколку опции за име, но сè уште немаме донесено конечна одлука“, изјави тој неодамна.
Во гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“, Саша Ковачевиќ раскажа како ја запознал Зорана.
„Нема да верувате, но ја запознав Зорана преку Инстаграм. Почнавме да си ги лајкуваме објавите, започнавме разговор и на крајот се запознавме во живо“, призна Саша, додавајќи:
„Таа има разбирање за мојата работа, што е сосема природно. Она што нè држи заедно, пред сè, е љубовта – со сè она што таа го носи со себе – а тоа е клучно за успехот на една врска. Што се однесува до мене, оваа врска ми одговара совршено во секој поглед и навистина не би ја заменил за ништо.“



