Недела, 15 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за време на семејна прослава во куќа во Скопје.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска, 15 ноември, по полноќ, откако повредените биле донесени во Ургентниот центар на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

Прославата се одржувала во куќа во сопственост на мајката на едната од повредените.

Полицијата извршила увид на местото и работи на расчистување на околностите под кои настанале изгорениците. Засега не се соопштува како дошло до инцидентот.

Поврзани вести