Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Филипче побара одговорност за насилството во Охрид: Згрозен сум од обидот да се заташка само поради врските со ВМРО

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го осуди бруталното насилство врз младата Сара во Охрид и, како што вели, обидите случајот да се заташка поради врските на сторителот со ВМРО.

Во објава на социјалните медиуми, Филипче изрази целосна поддршка за Сара и нејзиното семејство, и побара одговорност од сите кои извршиле, помогнале или прикривале насилство. Тој порача дека неказнивоста и заштитата на насилниците мора да престанат.

„Згрозен сум од насилството во Охрид и потресен од сведоштвото на мајката на Сара, дека имало обид да се заташка случајот, само поради врските со ВМРО. Изразувам целосна поддршка за Сара и за нејзиното семејство. Оваа млада девојка заслужува сигурност, заштита и мирно закрепнување.

Прашањето кое што цела нација денес го поставува е до кога? До кога неказнивост за насилниците? До кога заштита на насилници и тепачи? До кога институционални пропусти? До кога заташкување? Само никој да не одговара од власта.

Барам одговорност за секој што извршил, помогнал или го прикривал насилство. Нема да отстапиме пред насилството и неказнивоста. Пред нас е борба со мафијата. Бандата ќе одговара“, посочува Филипче.

Поврзани вести