Ѓорѓиевски: Снегот нема да нѐ изненади, механизацијата е на терен и имаме резерви на сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека оваа година снегот нема да ги изненади градските служби и дека механизацијата е на терен.
„Некогаш во минатото, првиот снег беше „изненадување“. Нашите екипи се веќе подготвени! Вечерва ја посетив службата за зимско одржување на скопските сообраќајници. Механизацијата е подготвена, а обезбедивме и големи резерви на сол“, објави градоначалникот.
Тој додава дека се во постојан контакт со УХМР и дека службите се подготвени да дејствуваат уште пред да падне првиот снег.


