(Видео) Хаос: Навивалите на Бешикташ извадија знаме на Палестина, полицијата почна да ги тепа, фрлен и солзавец

Во грузискиот град Батуми пред и за време на натпреварот помеѓу Бешикташ и израелскиот Хапоел Бер Шева во Лигата на Европа, се случи голем инцидент, откако турските навивачи истакнаа на палестинското знаме на трибините.
Како што може да се прочита во локалните медиуми и на социјалните мрежи, првиот инцидент избувна непосредно пред почетокот на натпреварот, откако навивачите на Бешикташ го развеаја знамето на Палестина во својот дел од стадионот.
Припадниците на полицијата им се приближија на навивачите кои го истакнаа знамето, по што дојде до физичка пресметка.
На видеата што се појавија на социјалните мрежи, може да се видат членови на обезбедувањето како се справуваат со навивачите на турскиот клуб.
Според медиумите, за време на интервенцијата била употребена и физичка сила, што предизвикало бурни реакции од другите гледачи.
Неколку навивачи на Бешикташ се обиделе да им помогнат на своите сонародници, приближувајќи се кон местото на инцидентот, успеале да ги извлечат лицата што биле нападнати од обезбедувањето.
Еден навивач дури завршил на медицински носилки и бил изнесен од трибините, а наводно бил употребен и солзавец.
Натпреварот потоа беше прекинат во 28-та минута поради лутите навивачи на турскиот клуб.
Полицијата повторно влезе на трибините, столчиња завршија на теренот, а коментаторот рече дека повторно бил фрлен солзавец.
Засега нема официјални информации за евентуални повредени или апсења, ниту пак е познато дали УЕФА ќе покрене постапка во врска со инцидентот.
Интересно е да се истакне дека фудбалерите на Бешикташ не се ракуваа со играчите на израелскиот клуб пред почетокот на натпреварот.
Откако беше прекинат, натпреварот сепак продолжи, а Бешикташ победи со 2:1.
Foto/ Depositphotos



