Недела, 29 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Јаневска ги нарече студентите ненормални наместо да одговори за непочитувањето на законот, велат од Левица

Пратеничката група на Левица утре повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк, обвинувајќи ја министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дека не ја исполнува законската обврска за негово усогласување со инфлацијата.

Од партијата реагираат и на ставовите на министерката во однос на најавените студентски протести. Според Левица, наместо да одговори зошто износот на студентскиот оброк со години не е усогласен со инфлацијата, Јаневска ја доведувала во прашање оправданоста на незадоволството кај студентите.

Од партијата тврдат дека, според нивните пресметки објавени уште во август, студентите досега биле оштетени за околу 400 милиони денари поради неусогласувањето на износот.

Левица потсетува дека досега поднела законски измени и амандмани, иницирала судска постапка и доставила претставка до Народниот правобранител. Тие тврдат дека парламентарното мнозинство ги одбило нивните претходни предлози за зголемување на студентскиот оброк.

Од партијата оценуваат дека најавените нови модели за октомври 2027 година не можат да го надоместат досегашното неисполнување на законската обврска и бараат министерката Јаневска да одговори зошто не постапила согласно законските одредби.

Поврзани вести