Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по расправија за сообраќаен прекршок, ѝ тропал на врата и ѝ праќал заканувачки пораки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против 40-годишен маж од Кочани за загрозување на сигурноста, откако се заканувал на 44-годишна жена од Делчево.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 7 ноември околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање меѓу двајцата околу сообраќаен прекршок.
Мажот најпрво агресивно се однесувал кон жената, а потоа отишол пред нејзиниот стан, тропал на вратата и ѝ се заканувал. Во неколку наврати ѝ испратил и СМС-пораки со заканувачка содржина.

