Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!

„Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација!“, велат од ЛДП.

„Ова е дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани! Каква е таа „дигитализација“ во која ги укинувате шалтерите, а истовремено барате нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии? Колку десетици милиони евра ќе не чини ова лудило и од празниот буџет? Одговорот е еден и еден единствен: ова не е никаков реформски чекор, туку брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот! А народот е пред банкрот!“, соопшти ЛДП.

„Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија“, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП.

Либерално-демократската партија порачува: „Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци, вистинска дигитализација со вештачка интелигенција и СТОП за новото лудило на Владата кое го бутка народот на колена и со свиткана кичма!“

Поврзани вести