Четврток, 29 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Возел нерегистрирано „бмв“ без дозвола, направил сообраќајка, па избегал: уапсен 37-годишник од Кочани

Лишен од слобода 37-годишен возач во Кочани, возел нерегистрирано возило без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото

Вчера во 16:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода 37-годишниот А.А. од Кочани. Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки и го напуштил местото, а по преземени мерки бил пронајден при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и со измината важност на сообраќајната дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести