Петок, 6 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

Од ЛДП оцеуваат дека се залудни фалбите за наводни успеси и „рекорден економски раст“ на Владата кога Европската комисија, повторно, како што велат, со шлаканица од Брисел нѐ соочи со суровата реалност.

„Повеќе од 30 пати во најновиот извештај за напредокот на Македонија се повторува констатацијата дека „нема напредок“. Нема напредок во борбата против корупцијата, нема напредок во изборните реформи, нема напредок во степенот на слобода на медиумите, нема напредок во јавните набавки и нема напредок во евроинтеграциите.

При презентација на извештаите за напредокот за кандидатите за ЕУ, еврокомесарката за проширување Марта Кос за Македонија ги наведе уставните измени како неопходен чекор во евроинтегративниот процес и дека без тоа, нема да има напредок“.

ЛДП, потсетуваат од партијата, уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од дипломатскиот лавиринт преку носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули.

Овие решенија, додаваат од таму, веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои и ден денес лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција.

Оценуваат дека тоа е можност за Владата наместо да ја држи државата во заложништво на дневнополитички калкулации, да покаже политичка храброст и да преземе одговорност пред гласачите.

„Одговорност ќе мора да има. Македонија не е и не смее да биде држава во која единствен континуитет ќе биде континуитетот на неуспесите и пропуштените шанси“.

Поврзани вести