Прегазен пешак во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 15:00 часот е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.


