Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Италија

20.09.2026, 22:03

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на државниот пат 16 „Адријатика“ во близина на Ортона, јавуваат италијанските медиуми.

Стефан Ѓероски , 31-годишен маж роден во Македонија кој живее во Ортона, го загуби животот додека управувал со „фолксваген голф“ откако излетал од траекторијата и силно се удрил во потпорен ѕид.

Возачот, според извештаите, загинал на лица место.

Поврзани вести