Митески: Заедно го креираме буџетот на Општина Аеродром за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во креирањето на буџетот за 2027 година, со свои идеи, предлози и иницијативи.
„Сакаме да ги слушнеме вашите потреби и приоритети, затоа што буџетот треба да ги одразува потребите на граѓаните и на сите населби во општината“, вели градоначалникот Дејан Митески.
Тој ги покани жителите на отворен ден, в сабота, 28 ноември, од 10:00 до 14:00 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром, каде што ќе можат да ги споделат своите идеи.



