Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

На Ќафасан уапсени две жени од Перу: кај нив е пронајдена дрога

Вчера на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници од полициската станива за гранини проверки Ќафасан”, ги лишија од слобода 27-годишната Л.Р.Ф.М. и 26-годишната П.П.Д.А., двете од Перу.

При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било пронајдено едно пакување со марихуана.

Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести