Четврток, 5 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

На свечена академија во Битола доделени четвртоноемвриските награди

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола вчера вечер во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа доделени четвртоноемвриските награди.

Во свото обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека утрото на 4 ноември 1944 година засекогаш припаѓа на вечната меморија на Битола. Во него се собрале долгоочекуваната радост на слободата, надежта на семејствата и вербата дека животот повторно може да се гради во мир.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Оваа свечена академија по повод празникот на градот „4-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Битола е место од кое испраќаме порака дека тешко стекнатата слобода пред 82 години, не прави горди на значајните културно-историски вредности кои ги поседува нашиот град, на нејзиниот напредок во сите сфери на живеење и на визијата за напредокот на градот.

Вечерва се потсетуваме на борбата и храброста на нашите предци, на направените жртви, но и на издржливоста на нашиот народ, во очекувањето на светлината на новата зора, исполнета со надеж и можности. Оние кои некогаш сонуваа за посветла иднина, презедоа акција за да го направат сонот – реалност. Наследството живее во нашата посветеност да ги поддржуваме вредностите на слободата, правдата и мирот. Наша должност е да се погрижиме нивните жртви никогаш да не се заборават, а лекциите од историјата да не водат во нашата потрага по подобро утре“, рече во своето обраќање градоначалникот на Битола.

Добитниците на наградата ги соопшти претседателот на Советот Бојан Бојкоски кој истакна дека безрезервно целосно се вложуваме во заедничката мисија и обврска да продолжиме да го градиме најубавиот град, секојдневно да ги подобруваме условите за живот на сите граѓани, и да бидеме мотив за создавање на нови можности и работа на младите генерации на овие простори.

„Како локална самоуправа, дејствувавме и дејствуваме во насока на реализација на бројни проекти и зајакнување на меѓународната соработка, се со цел зголемување на можностите за инвестиции, напредок и развој.Чест и задоволство е што вечерва ја имам приликата да ги соопштат четвртоноемвриските награди и да им се заблагодариме на наградените за нивното вложување со личен и колективен придонес кон градењето подобро утре“, истакна Бојкоски.

Поврзани вести