Наставник во Чаир нападнал две деца

Двајца родителите пријавиле во полиција дека наставник физички ги нападнал нивните синови за време на турнир во мал фудбал во училиште во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера во 23:00 часот во СВР Скопје, В.Р.(47) и Е.Љ.(44), двајцата од Скопје, пријавија дека во спортска сала во склоп на основно училиште на подрачјето на Чаир, за време на турнир во мал фудбал, нивните двајца малолетни синови биле физички нападнати од нивниот наставник А.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



