Недела, 1 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Девојче и жена загинаа во руски напад врз образовна установа во Украина, повредени се и три деца

Тринаесетгодишно девојче и една жена загинаа, а четири лица, меѓу кои три деца, беа повредени во руски напад врз општината Козјатин, во украинската област Виница, соопштија локалните власти и службите за итни случаи.

Според началничката на Воената управа на областа Виница, Наталија Заболотна, нападот погодил парк лоциран меѓу студентски дом и образовна установа. Од Државната служба за вонредни состојби потврдиле дека руски дрон погодил дом на стручно училиште.

По ударот се запалиле два автомобила, а пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.

Во болница биле примени две петгодишни девојчиња и 16-годишно момче, кои се здобиле со повреди со средна тежина. Медицинска помош му била укажана и на 24-годишен маж со полесни повреди.

Заболотна потврдила дека меѓу загинатите се 13-годишно девојче и жена, која им подлегнала на повредите на одделението за интензивна нега во болница. Со тоа била исправена првичната информација дека на местото на нападот загинал маж.

Поврзани вести