Облачно и студено, со повремени врнежи од снег

Облачно и студено време, со повремени локални врнежи од снег, се очекува утре во Македонија. Во пониските места долж Повардарието ќе има врнежи од дожд и снег, а кон крајот на денот тие ќе престанат.
Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од минус три до четири степени, а максималните ќе достигнат од минус еден до шест степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од минимални нула до максимални два степена.



