Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Почина 70-годишен пациент со западнонилска треска, десетти смртен случај

28.09.2026, 13:43

Десетти смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Викендов на Клиниката за инфективни болести починал 70-годишен пациент од Скопје, кој имал повеќе придружни заболувања.

Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега, но и покрај преземените медицински мерки починал.

Во моментов на Клиниката се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска, од кои двајца се во потешка клиничка состојба и се лекуваат на интензивна нега.

Поврзани вести