Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на тетовскиот универзитет

Полицијата поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Тетово, осомничен дека оставил писмени закани упатени кон деканот и професорите на Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово.

Според информациите од МВР, на 6 октомври 2026 година, пријавениот И.А., кој е поранешен студент на факултетот, во канцеларијата на деканот оставил писмени закани кон него и кон останатите професори.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Поврзани вести