Среда, 11 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Прегазена 74-годишна битолчанка

Во СВР Битола вчера во 11:47 часот било пријавено дека на ул.„Анести Пановски“ во Битола, патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола, удрило во 74-годишната Ц.М. од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани вести