Приведен разбојник од Гостивар за издржување едногодишна затворска казна

Вчера во 15:45 часот на улицата „Боге Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа 60-годишниот А.Ц. од Гостивар.
Тој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.
Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.


