Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Поврзани вести