Им доаѓа нова шанса за љубов: Овие хороскопски знаци ги очекуваат големи промени во љубовните односи

Некои ќе сфатат што недостасува во нивната врска, додека други ќе добијат можност да ги решат несогласувањата од минатото и да изградат поцврста и поквалитетна врска.
Промените започнаа на 9 ноември, а астрологот Ампаро го опишува овој период за YourTango како обновување на романтичните врски – процес што може да доведе до поздрави и постабилни односи. Одредени промени ги очекуваат припадниците на следниве хороскопски знаци.
Овен
Овните може да почнат да се преиспитуваат колку навистина се подготвени да се отворат пред својот партнер. Ретроградните Меркур и Венера може повторно да ги изнесат на површина старите проблеми со довербата и нерасчистените емоции.
„Можеби копнеете по подлабока поврзаност, но дали сте подготвени да му дозволите некому да ги види оние делови од вас што обично ги криете?“ – истакнува Ампаро. Наместо да ги избегнуваат непријатните разговори, припадниците на знакот Овен треба да се обидат да го надминат стравот од ранливост и да му дозволат на партнерот подобро да ги запознае.
Бик
За Биковите, младата месечина носи можност да размислат дали наоѓаат исполнетост во моменталната врска и дали нивните емоционални потреби се задоволени. Проблемите што досега биле занемарувани, може да станат толку очигледни што повеќе нема да можат да се игнорираат.
„Тоа што сте лојални некому, не значи дека мора да останете во врска која веќе не ви носи добро“, советува астрологот. Искрените разговори и поставувањето граници можат да им помогнат да одлучат како сакаат да продолжат понатаму во својот љубовен живот.
Рак
Раковите можеби ќе сфатат дека силната привлечност сама по себе не е доволна за успешна врска. Тие треба да бидат особено внимателни во однос на склоноста да го идеализираат партнерот и да се заљубуваат во неговиот потенцијал, наместо во личноста каква што таа навистина е.
„Можете да бидете отворени за љубов, без притоа секоја врска да ја претворате во влог за вашата иднина“, советува Ампаро.
Ова е можност да се опуштите, да запознаете нови луѓе без големи очекувања или едноставно, некое време да уживате во животот како слободна личност.

