Се предаде битолчанецот пријавен за семејно насилство

Денеска (16.11.2026) полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.
Тој бил пријавен од неговата 21-годишна партнерка за насилство, а неколку дена беше недостапен за органите на прогонот, откако избегал од полициската станица во Битола.
„Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола.
Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.


