Telegraf.mk: Револуција во читањето вести на мобилен телефон

Цел сајт. Еден свајп. Блиц вести - најкратко и најтазе.
Замислете информативен портал на кој не мора постојано да отворате статии, да се враќате назад и повторно да ја барате следната вест. Новиот telegraf.mk нуди поинакво искуство: доволно е едно движење со прстот.
На мобилен телефон, со свајп (лизгање со прст) нагоре се преминува на следната вест, а со свајп лево се отвора целата тема со поврзаните медиумски објави. Без непотребни кликови и прекини во читањето.
Секоја блиц вест содржи фотографија, јасен наслов и кратко сиже од веста. Читателот за кратко време дознава што се случило, а доколку сака повеќе контекст, може веднаш да продолжи кон целата тема.
Вестите се читаат, не се бараат.
Telegraf.mk ги следи најновите случувања од Македонија и светот, економијата, технологијата, забавата и спортот. На мобилен, содржините се редат една по друга во прегледен тек со крупни наслови и читлив текст. Корисникот се движи меѓу вестите природно, без да го прекинува ритамот на читање. Со еден клик, читателот може да избере дали вестите ќе бидат подредени како „Најнови“ или „Топ вести“.
Новото искуство е создадено токму за мобилни телефони. На компјутер, telegraf.mk нуди уреден информативен преглед во кој кратките вести се отвораат директно во листата.
Telegraf.mk е дел од дигиталниот екосистем на Media Connectivity, компанија што развива медиумски и технолошки платформи.
Цел сајт. Еден свајп.
telegraf.mk — Блиц вести. Најкратко. Најтазе.

