Петок, 6 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Зеленски бара помош: Сите електрани во Украина се оштетени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на латиноамериканските земји итно да помогнат во обновувањето на украинскиот енергетски систем, кој е под постојани руски напади. На 30. Ибероамерикански самит во Мадрид, Зеленски изјави дека сите електрани во Украина се оштетени на еден или друг начин, пренесува „Еуроњуз“.

„Ни треба опрема што е компатибилна со нашата мрежа и ни треба брзо. Затоа ве молам директно да помогнете во воспоставувањето контакти со вашите компании и производствени капацитети, за испораките да пристигнат во Украина што е можно поскоро“, порача Зеленски.

Тој побара помош за набавка на трансформатори, електрични кабли, електронска опрема, како и дизелски и гасни генератори, неопходни за одржување на енергетската инфраструктура.

Украинскиот претседател нагласи дека на Киев му е потребна и дипломатска поддршка од земјите од Латинска Америка, особено при гласањата во Генералното собрание на Обединетите нации.

Зачестените руски напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат загриженост дека Украина ја очекува уште една тешка зима. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во вторникот оцени дека состојбата со снабдувањето со енергија во главниот град е „исклучително тешка“.

Посетата на Зеленски на Мадрид се одвива во период кога САД се обидуваат да ги обноват мировните преговори меѓу Киев и Москва, а продолжувањето на трилатералните разговори е предвидено за следната недела во Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани вести