Невестата побара да се здебелам за таа да изгледа послабо на свадбата, раскажа деверуша на социјалните мрежи

Девојка по име Џеки на Тикток споделила необично барање што ѝ го поставила нејзината најдобра пријателка пред свадбата. Според нејзиното сведоштво, невестата побарала од неа да се здебели за таа да изгледа послабо на свадбените фотографии.
Џеки раскажала дека пријателката Ники ја поканила на ручек и ја замолила да ѝ биде деверуша на свадбата закажана за декември следната година. Таа со задоволство прифатила, но набргу следувало изненадување.
„Не можам да дозволам да бидеш во центарот на вниманието на мојот голем ден. Сакам јас да бидам најслабата“, ѝ рекла невестата, според Џеки.
Изненадена од барањето, Џеки ѝ предложила на пријателката самата да поработи на својата тежина, по што Ники почнала да плаче и ја обвинила дека сака да ѝ ја уништи свадбата.
Но, барањата не завршиле тука. Невестата очекувала Џеки двапати неделно да оди на третмани за лице за да се ослободи од акните, бидејќи не сакала дополнително да плаќа за ретуширање на свадбените фотографии.
Расправијата завршила откако Ники ја обвинила Џеки дека е љубоморна бидејќи таа се мажи.
Приказната предизвикала бројни реакции на Тикток, каде што корисниците ја советувале Џеки да го преиспита пријателството и да не присуствува на свадбата.

