Млада девојка се превртела со возилото на патот кон Свети Николе, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера околу 8:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С. од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, соопшти МВР.

