ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.
Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.
Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.
Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.
Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?
Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?
Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.
Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.
Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.
Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



