Недела, 22 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Спорт

1145 вести во последните 90 дена
Синер без тренинзи најмалку до 6 септември

Јаник Синер ќе мора да паузира уште некое време. По новите прегледи на десното колено, на тенисерот број еден во светот му е препорачана целосна пауза од тениските тренинзи барем до 6 септември, додека Италијанецот продолжува со закрепнувањето од проблемот поради кој го откажа настапот на Отвореното првенство на САД…

27.08.2026
Мухова и Меншик победија во мешани двојки на Ју-ес опен

Каролина Мухова и Јакуб Меншик ја освоија титулата во мешани двојки на Отвореното првенство на САД и поделија награда од еден милион долари. Во финалето, чешкиот тандем ги победи Белинда Бенчиќ и Флавијо Коболи со 6:3, 1:6, 10:6, а Меншик стави крај на мечот со ас со брзина од 211 километри на час на третата…

27.08.2026
(Видео) Гендузи славеше пред навивачите на Лион, играчите се степаа во тунелот

Враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите по 18 години беше засенето од голем скандал по натпреварот против Лион во Франција. Во центарот на настанот беше играчот од средниот ред на турскиот клуб Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Олимпик Марсеј, кој за време и по натпреварот дополнително ја вжешти веќе…

27.08.2026
Вечерва во Монако е ждрепката за главната фаза на ЛШ

Вечерва во Монако ќе се одржи ждрепката за главната фаза во Лигата на шампионите. 29 директно пласирани екипи и седум од плејофот ги чекаат своите ривали (18.00 часот). Пари Сен Жермен ја брани највредната и најпрестижната клупска континентална титула втора сезона по ред, меѓу претендентите за круната на француските…

27.08.2026
Иџе во Словенија ја отвора новата тркачка ера

Овој викенд во Илирска Бистрица – Словенија, Игор Стефановски – Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската…

27.08.2026
(Видео) Историски успех на Викинг, Слован ја доби драмата во Целје, Фенер по 18, а АЕК по осум години се вратија во ЛШ

Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во…

26.08.2026
(Видео) Реал лесно се справи со Сосиедад, хет-трик на Емпабе

Реал Мадрид убедливо го го победија Реал Сосиедад со 4:1 во третото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше трикратниот стрелец Килијан Мбапе. Ова беше најдобрата можна премиера пред домашните навивачи во новата сезона, по тесната победа над Еспањол во последното коло. Реал Мадрид не блескаше во првото полувреме…

26.08.2026
Атлетико и Арсенал се договориле, се чека Алварез

Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си…

26.08.2026
Оли Воткинс се сели во Ал Хилал

Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од…

26.08.2026
Дибу Мартинез е понуден на Челзи

Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи. Тие се одлучиле за таков…

26.08.2026
Атлетико жестоко и одговори на Барселона: Не станува збор за пари, туку за достоинство

Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид. Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу…

26.08.2026
Брајтон го одби Ливерпул за Минте – „Црвените“ сега ќе се насочат кон Баркола

Ливерпул најверојатно ќе се откаже од Јакуба Минте од Брајтон, откако „галебите“ ја одбија втората понуда од „Енфилд“ од 70.000.000 евра, тврдат медиумите на островот. Гигантот од „Енфилд“ мора да се засили на позицијата крилен напаѓач, па ќе ги фрли сите карти на крајот од преодниот рок за да ги доведе Бредли Баркола…

26.08.2026