Баерн со играч помалку запрен во Хамбург

Актуелниот германски шампиоин, Баерн Минхен не успеа да победи во 11-то коло во Бундес лигата. Баерн, во Хамбург, одигра 0:0 со ХСВ.
Баерн доминираше во поседот на топката, но не можеше да го најде патот до мрежата на добро организираната одбрана на домашниот тим. Капитенот Џошуа Кимих им ги отежна работите на Баварците, кога доби директен црвен картон во 44-та минута откако го повлече Александар Ресинг-Лелесит за коса.
ХСВ продолжи да биде поопасен, но не успеа да ја искористи бројчената предност. Вушковиќ реагираше добро неколку пати во одбраната, а во 75-тата минута го блокираше обидот на колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз со глава.
Резултати:
Келн – Елверсберг 5:0 (3:0)
(Билтер 8, 63 39, Ел Мала 16, 68)
ХСВ – Баерн 0:0
Мајнц – Унион Берлин 2:1 (0:1)
(Тик 85, Цаци 90+2 – Хаберер 37)
Падерборн – Шалке 8:1 (3:0)
(Тер Хорст 21, Марино 39, 45+4, 57, Тигес 55, Цајтлер 73, Видовиќ 84(п), Гоце 90+6 – Аушиш 59).
Фото/ Depositphotos



