Деле Али во пренос во живо го запали дресот на Арсенал

Деле Али (30) се најде во центарот на вниманието откако објави видео на социјалните мрежи во кое запали дрес на Арсенал. На овој начин, поранешниот англиски репрезентативец реши да покаже дека, и покрај изгубениот облог, не го заборавил соперништвото меѓу неговиот поранешен клуб Тотенхем и Арсенал.
Сè започна за време на пренос во живо со популарниот американски стример „iShowSpeed“. Али и познат интернет инфлуенсер се натпреваруваа во фудбалската видео игра „EA Sports FC 27“, а договорот беше дека поразениот мора да се облече во дрес на Арсенал.
Али ги загуби двата натпревари. Во првиот со ПСЖ беше поразен од Спид Баерн со резултат од 7:2, а во вториот, играјќи со Ал Кадсија, загуби со 4:2 од Ал Наср.
Мораше да го го исполни облогот и да го облече дресот на Арсенал, што е особено интересно со оглед на неговото минато во Тотенхем, каде што играше од 2015 до 2022 година.
Тој објави фотографија во дресот на најголемите ривали на Тотенхем на Инстаграм со пораката: „Извинете навивачи на Спарс, но облогот си е облог. Честитки, „iShowSpeed“.
Деле Али, сепак, не остана долго во дресот на Арсенал. Набрзо објави во пренос во живо на „Twitch“, дека го запалил дресот на Арсенал. Потоа објави фотографија на која се гледа уништениот дрес на Арсенал на подот, покрај апарат за гаснење пожар. На фотографијата напиша: „Speed“, облогот си е облог! Но, ова се нарекува последица“.
Притоа, тој јасно стави до знаење дека дресот на Арсенал завршил во пламен, а видеото од неговиот потег брзо се прошири на социјалните мрежи. Целата приказна е уште поинтересна поради фактот што Али изјави во 2016 година дека повеќе би сакал да ја заврши фудбалската кариера отколку да игра за Арсенал.
Додека се забавуваше со „iShowSpeed “на социјалните медиуми, Али сè уште се обидува да најде начин да се врати во професионалниот фудбал. 30-годишниот играч од средниот ред е без клуб од септември 2025 година, кога му заврши договорот со Комо.
Својот последен официјален настап го имаше во март 2025 година, кога дебитираше за Комо, но беше исклучен само девет минути по почетокот на натпреварот.
Во меѓувреме, тренираше со англискиот тим од пониската лига Барнет и полупрофесионалниот клуб Виндзор и Итон, надевајќи се на нова можност.
На врвот на својата кариера, тој беше еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Реал го сакаше, а неговата вредност беше проценета на 100 милиони евра.
Одигра 269 натпревари за Тотенхем и постигна 67 гола, а со лондонскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Играше за Англија 37 пати и играше во полуфиналето на Светското првенство во 2018 година.
Foto/ Depositphotos



