Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата на средствата се одвива непречено, соопшти НБРМ

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари, соопшти НБРМ.
Исплатата на средствата во сите три града, според соопштеното, се одвива непречено и според утврдениот распоред.
„Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика“.
Исплатите, според најавите, ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.
„Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.
Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката“.



