Дешам е решение за кризата на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед го контактирал Дидие Дешан, кој е еден од кандидатите за позицијата нов тренер на англискиот гигант, објавува францускиот „Footmercato“.
Истиот извор наведува дека доаѓањето на „Олд Трафорд“ не е приоритет поради нестабилната ситуација во клубот и незадоволството на навивачите од работата на раководството.
Клубот од „Олд Трафорд“ разгледува голем број опции за промена на клупата бидејќи позицијата на Мајкл Карик станува сè понеизвесна и покрај неодамнешната победа против Рома.
Покрај францускиот стручњак, меѓу кандидатите се споменуваат и Јулијан Нагелсман и Унаи Емери, кој, според информациите од Островот, е блиску до продолжување на соработката со Астон Вила.
Дешан е без ангажман по 14 години поминати на клупата на француската репрезентација, тој моментално разгледува опции за продолжување на кариерата и не ја исклучува можноста да почека до крајот на сезоната и тогаш да донесе одлука околу новиот ангажман.
Евентуалното доаѓање на Дешан на клупата на Јунајтед би значело враќање на Французинот во Премиер лигата каде што играше како играч за Челзи во сезоната 1999-2000.
Foto/ Depositphotos



