Четврток, 22 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Керик ќе добие отказ, на „Олд Трафорд“ го чекаат Нагелсман

22.10.2026, 12:52

По дебаклот на брегот на езерото Комо во Лигата на шампионите, сите аларми се вклучија во Манчестер Јунајтед. Славниот клуб е во серија од седум натпревари без победа, а тренерот Мајкл Карик се соочува со отказ. Од стартот на сезоната Јунајтед има само две победи, против Ипсвич во Премиер лигата и Сабах во Лигата на шампионите.

Британски „Телеграф“, објавува дека раководството на клубот наскоро ќе одлучи за судбината на тренерот и веќе размислува за Јулијан Нагелсман како можно решение.

Раководството на Јунајтед наводно веќе го контактирало Германецот, преговорите се во тек, а Карик е на чекање додека сè не се реши. Нагелсман наводно е расположен да работа на „Олд Трафорд“, па натпреварот против Борнмут следниот викенд би можел да го означи дефинитивниот крај на Карик на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Со оглед на тоа што Борнмут не загубил од Манчестер Јунајтед три години и дека играчите на „Црвените ѓаволи“ почнаа јавно да го критикуваат сегашниот стратег, разделбата изгледа неизбежна.

Иако раководството на клубот го поддржа тренерот и застана зад него, се чини дека повеќе и кај нив нема трпение.

Говорот на капитенот Бруно Фернандеш синоќа во кој тој ги критикуваше тактиките на тренерскиот штаб беше јасен сигнал за сите дека Карик ја изгубил соблекувалната и дека тоа нема да го спаси против Борнмут.

Менаџерите веќе му го понудија Антонио Конте на Јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не се премногу загреани за тврдоглавиот Италијанец и неговиот ригиден стил. Тие го гледаат Нагелсман како помодерна варијанта што одговара на моменталниот профил на играчкиот кадар.

Нагелсман е слободен од ова лето откако беше отпуштен од германската репрезентација. Иако во последно време имаше гласини дека би можел да се врати во Лајпциг, тие гласини стивнаа. Дури и да имаше понуда од својот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед би му бил приоритет.

Германецот беше поврзуван со преселба на „Олд Трафорд“ во минатото, но соработката никогаш не дојде бидејќи најпрвин го избра Баерн, а потоа и германската репрезентација.

Сега нема пречки, а спонзор на неговото доаѓање би бил еден од директорите на англискиот клуб, Кристијан Вивел, со кого веќе соработуваше во Лајпциг.

Други кандидати што се споменуваат се шефот на стручниот штаб на Брајтон, Фабијан Хирцелер, и поранешниот тренер на Њукасл, Еди Хау. Првиот е под договор и би бил скапа опција, додека вториот нема толку силна поддршка од менаџментот како Нагелсман.

Доколку очекуваната промена се оствари, тоа би била трета промена на тренерскаста позиција, додека сезоната е во ек, за три години. Ерик Тен Хаг беше заменет во октомври 2024 година, а Рубен Аморим во јануари оваа година.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести