Недела, 1 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Хамилтон за „влакно“ пред Расел ја освои пол-позицијата во Мексико

Луис Хамилтон ја освои првата пол-позиција за Ферари во тековната сезона, во првенството во Формула 1. Британецот до 105-та пол-позиција во кариерата, дојде пред сонародникот Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега Шарл Леклер.

Седумкратниот светски шампион му ја донесе на Ферари првата пол позиција во новата ера на автодромот „Ерманос Родригез“, во Мексико Сити, со круг од 1:16.514 минути.

Најблиску до Хамилтон беше Џорџ Расел во Мерцедес, кој заостануваше само девет илјадити делови од секундата. Двајцата се потрудија да се стават во позиција да триумфираат во Мексико Сити и да останат во конкуренција за титулата.

Сепак, сè зависи од лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, кој беше петти во квалификациите, но ќе стартува четврти благодарение на казната што ја доби Макс Ферстапен.

За младиот Италијанец да биде крунисан утре, четири трки пред крајот на сезоната, доволно е да освои два бода.

Италијанецот, кој триумфираше во Тексас минатиот викенд, има предност од 123 бода во однос на Расел и 124 во однос на Хамилтон.

Актуелниот шампион Ландо Норис имаше шесто време, по него следеше вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар, додека Лијам Лосон беше осми. Новозеланѓанецот, како и Ферстапен, беше казнет со поместување за една позиција назад, што ќе му користи на неговиот тимски колега Арвид Линдблад, додека 10-то место на стартот ќе го заземе Пјер Гасли од Алпин.

Трката за Големата награда на Мексико на програмата е во недела во 21:00 часот.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести