Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера.
Легендата на сцетската кошарка, зад себе има 25 години професионална кариера, во средата се збогува со клубот кој, на крајот, му посвети големи зборови.
„Твојата магија е единствена, твојот белег е неизбришлив, а твоето наследство ќе живее засекогаш. Ти благодараме за сè, легендо“, се вели во емотивната објава на Тенерифе.
Според најавите, искусниот плејмејкер ќе ја продолжи својата кариера во Евролигата, во Дубаи.
Дури и на 43-годишна возраст, Марселињо бележи неверојатна статистика. Покрај тоа, тој ќе биде запаметен како единствениот играч во АЦБ лигата со 20 сезони во најсилното шпанско натпреварување.
И покрај тоа што две сезони играни во НБА, во ЛА Лејкерс, тој успеа да го постигне овој навистина извонреден и тешко остварлив подвиг.
И не запира тука. Покрај тоа, тој се враќа во најсилното европско натпреварување, каде што веќе одиграл 228 натпревари.
Во Дубаи го чека добро позната личност, тренерот Чави Пасквале, со кого некогаш соработуваше во Барселона. Уертас во тимот на Дубаи, ќе го замени повредениот Томас Вокап.
Во исто време, тој ќе стане најстариот играч во историјата на Евролигата.
Foto/ Depositphotos



