Лион одеднаш остана без тренер

Францускиот прволигаш Лион официјално објави дека нивниот сегашен тренер, Пауло Фонсека, заминува во португалскиот клуб Спортинг.
Фонсека ја презеде функцијата од Лион на 31 јануари 2025 година, заменувајќи го отпуштениот Пјер Саж, и потпиша договор кој требаше да важи до 30 јуни 2027 година.
Со благодарност кон португалскиот стручњак, Лион изјави дека „изразуваат длабоко жалење, особено за оваа неочекувана одлука донесена во средината на натпреварувачката сезона“.
Фонсека го напушта Лион, клуб кој моментално е на третото место во француското првенство по девет одиграни кола, а се натпреварува и во Лигата на Европа.
Неговиот сонародник Жорж Масиел, еден од помошните тренери, ќе го предводи тимот во следните два натпревари: во четврток во Лигата на Европа против Реал Сосиедад и во недела во француското првенство против Брест.
„Карлос Висенс е еден од тренерите што ги разгледуваме“, изјави спортскиот директор Матие Луј-Жан.
Foto/ Depositphotos

