Вторник, 17 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер ги задржа шансите за пласман во наредната фаза.

Избраниците на Лино Червар, до победата дојдоа по голем пресврт во второто полувреме, откако гостите од Германија по првиот дел имаа предност од пет гола.

Клучен играч во редовите на Пелистер беше голманот Нкола Митревски, кој го заврши натпреварот со 15 одбрани.

Покрај Митревски, клучот за победата беа одличните 10 минути во вториот дел, кога Пелситер со серија 7:2, ја анулира предноста на Гумерсбах (16:16).

Драмата кулминираше во последните четири минути, кога Серафимоф реализираше пенал и изедначи на 27:27. Следуваше одбрана на Митревски, па потоа два гола на Серафимов и Нтанзи.

Покрај голманот Митревски, Пелистер го предводеше Филип Кузмановски со седум голови.

Изненадувачки Вибжеже води на табелата со шест 6 бодови, Гумерсбах има четири, а Ла Риоха и Пелистер имаат по три.

Следниот натпревар на Пелистер е закажан за на 24.ноември на домашен терен против Вибжеже.

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI

Поврзани вести