Понеделник, 23 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

„Не сум многу паметен и училиште немам завршено, за среќа успеав во фудбалот“

Младиот фудбалер на Баерн и германската репрезентација, Ленарт Карл, е еден од најталентираните фудбалери во Германија. Има 18 години и веќе добива значителна минутажа за Баерн. Карл беше гостин на собир со навивачи и одговори на прашањето што би бил ако успеел да стане професионален фудбалер.

„Како што знаете, секогаш сум искрен, зборувам од срце. Признавам, немаше план Б за мене, имаше само план А. Моите родители ми велеа дека треба да завршам училиште. Но, не сакав. Секој ден станував и само сакав да играм фудбал. Не знам што друго би правел. Генерално, не сум многу паметен човек, морам да бидам искрен. За среќа, успеав во фудбалот“, ги објави неговите зборови „Билд“.

Ленарт Карл ја започна својата кариера во ТуС Фрамерсбах. На деветгодишна возраст се запиша во фудбалската школа на Ајнтрахт Франкфурт. Во Баерн пристигна на 14 години и таму продолжи со својот развој.

Тој го имаше своето деби на 17-годишна возраст за баварскиот гигант на Светското клупско првенство во 2025 година.

Игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред, а веќе има пет настапи за германската репрезентација. Оваа сезона постигна три гола и имаше две асистенции во сите натпреварувања за Баерн. Сè уште чека на својот деби гол за репрезентацијата.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести