Недела, 8 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета и го замени со Лука Банки.

Поточно, тој се врати, бидејќи трофејниот италијански тренер веќе работеше во Олимпија пред 11 години.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Банки се согласил да соработува со актуелниот шампион на Италија две и пол години. Според италијанските медиуми, вкупната вредност на договорот е околу два милиони евра.

Тој претходно ја водеше Олимпија од 2013 до 2015 година, а под негово водство клубот ја освои својата прва титула во италијанското првенство, откако клубот го презеде Армани.

Иако се враќа во Евролигата, Банки истовремено ќе продолжи да ја извршува функцијата тренер на италијанската репрезентација, што клубот го потврди во официјално соопштение.

„Чест ми е што повторно имам можност да ја водам Олимпија Милано. Од срце им се заблагодарувам на сопствениците на клубот кои проценија дека сум вистинската личност да го преземам тимот во овој момент. Исто така, му сум благодарен на претседателот Петручи што ми дозволи да продолжам да работам како селектор на италијанската репрезентација“, рече Банки.

Тој е четвртиот тренер/селектор во Евролигата. Покрај него тука се Душан Алимпијевиќ (Бешикташ/Србија), Алекс Мумбру (Виртус/Германија), Александар Секулиќ (Барселона/Словенија).

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести