Петок, 6 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Пол Планас ќе го преземе Динамо Загреб

Пол Планас (35) треба да стане нов тренер на Динамо, објави шпанскиот „Спорт“. Според информациите од каталонскиот весник, Динамо одлучил да го ангажира поранешниот тренер на јуниорскиот тим на Барселона, кој веднаш ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе го преземе првиот тим на хрватскиот шампион од минатата сезона. Динамо сè уште официјално не го потврдил неговото доаѓање.

Планас треба да го наследи Маријо Ковачевиќ, чиј договор Динамо го раскина на 1 ноември. Тимот привремено го презеде Јерко Леко, кој дебитираше во четврток со победа од 2:0 против Сандерленд во четвртото коло од Лигата на Европа.

Динамо моментално е втор во националниот шампионат, зад Хајдук, додека има седум бода во Лигата на Европа.

„Спорт“ наведува дека Планас не бил единствениот кандидат од системот на Барселона. Динамо, исто така, контактирал со Џулијано Белети, поранешен бразилски репрезентативец кој моментално го води вториот тим на Барселона, но на крајот изборот паднал на Планас.

Неговото доаѓање би претставувало голем чекор напред во неговата тренерска кариера. Досега, Планас работеше исклучиво во помладите категории, а со преземањето на Динамо, за прв пат би предводел сениорскиот тим.

Foto: Profimedia

Поврзани вести