Четврток, 19 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Прво интервју на Покетино во Манчестер: Мора да почнеме од нула

Во своето прво интервју како менаџер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино ги истакна своите главни приоритети.

Аргентинецот градењето нова клупска култура и менувањето на навиките фундаментален ги истакна како важен дел од својата работа, нагласувајќи дека сака неговите играчи да играат со поголема слобода, самодоверба и уживање.

Тој вели дека моменталната состојба на тимот не ја одразува големината на клубот и поддршката што ја добива од своите навивачи.

„Создавањето култура е најважно. Мора да изградиме навики и принципи. Сакаме да гледаме напред и да најдеме начин да создадеме најдобри навики и култура што ќе нè доближат до победа во секој натпревар. Мора да создадеме сопствена филозофија и да почнеме од нула“, рече Покетино.

Новиот менаџер посвети посебно внимание на психолошката состојба на играчите и потребата да им се обезбеди средина во која ќе ги покажат своите квалитети. Тој верува дека притисокот од очекувањата кон Манчестер Јунајтед не треба да стане товар, туку треба да се користи како дополнителна мотивација.
Аргентинецот, исто така, нагласи дека верува во достапниот состав и дека неговата прва задача е да им помогне на играчите да го ослободат својот потенцијал.

„Играчите мора да го изразат својот талент. Мора да создадеме средина и услови што ќе им овозможат да играат добро. Тоа е најважното нешто и наш приоритет во моментов – да работиме со нив и да се обидеме да ја отстраниме тензијата. Притисокот треба да донесе енергија, а одговорноста исто така треба да донесе енергија. Инаку, премногу е тешко да се носи сè на рамената. Кога ќе се поврзете со играта, мора да го направите тоа преку вашиот талент. Мора да се чувствувате слободни, среќни и да сакате да играте за вашите соиграчи, за вашето семејство, за клубот и за навивачите. Тоа е она што треба да го изградиме заедно.“

Покетино рече дека има целосна доверба во играчите што ги има и повика на поддршка за нив во ова тешко време. Тој верува дека е одговорност на тренерскиот персонал да ги обезбеди сите потребни услови, за да можат играчите да го претворат својот потенцијал во резултати на теренот.

„Најдобриот тим што можеме да го имаме е оној што го имаме во моментов. Мора да ги сакаме нашите играчи и да ги поддржуваме. Мора да им ги дадеме сите алатки што им се потребни за да играат добро. Сега е наша одговорност да се зафатиме со работа и да им ги обезбедиме условите да го покажат целиот свој талент на теренот.“

Аргентинецот ја откри и својата лична врска со Манчестер Јунајтед, која датира од 1999 година. Тогаш, како играч на Еспањол, тој беше на трибините на „Камп Ноу“, на финалето на Лигата на шампионите против Баерн, кое англискиот тим драматично го доби со 2:1, со два гола во судиското надополнување на времето. Заедно со неговиот тогашен соиграч и сегашен тренер на голманите Тони Хименез, Покетино ги поддржувал „црвените ѓаволи“.

„Во 1999 година бев во Барселона за тоа финале. Беше историски натпревар. Тони Хименез исто така беше таму. Навивавме за Манчестер Јунајтед. Бев толку возбуден што го гледав тој тим. Тоа е еден од оние натпревари каде што остануваш на своето место и си толку трогнат од она што го гледаш. Беше неверојатен натпревар. И она што се случи на крајот… Едноставно е невозможно да не се почувствува емоцијата на тој тим. Тоа беше сеќавање што ме натера да сакам поблиску да го следам Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и играчите кои беа таму и станаа легенди.“

Покетино, исто така, ја испрати својата прва порака до навивачите, изразувајќи надеж дека заедно со нив тимот може да се врати на резултатите што ги заслужува. Претходно беше провоциран од поранешниот играч на Манчестер Сити, Дамаркус Бизли, кој му рече дека „Манчестер е син и секогаш ќе биде син“.

Одговорот на новиот менаџер беше категоричен:

„Воопшто не! Ќе видите. Дајте ми време и ќе почне да се менува.“

„Здраво навивачи на Јунајтед! Едвај чекам да ве запознаам. Слушам толку многу добри работи за вас. Се надевам дека ќе можеме да донесеме многу среќа заедно работејќи и поврзувајќи се едни со други. Ова ќе биде посебна сезона поддржувајќи го тимот и терајќи ги нашите играчи да се борат на теренот за да ги постигнат резултатите што ги заслужуваме.“

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести